Ердоган: Македонија секогаш ќе остане Македонија - Грците не се во право!
Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган на конференција истакна дека Турција е пријател на Македонија и секогаш ќе стои зад неа.
- Турција секогаш ќе биде на страната на Македонија, затоа што Грција не е во право. Македонија секогаш ќе остане Македонија. Тоа што сме го заборавиле во 1912 сега можеме да го поправиме – рекол Ердоган според кого, Грција ја блокира Македонија да влезе во НАТО поради името.
Ердоган за време на конференцијата порача дека Македонците и Турците се браќа: - За нас, Анкара и Скопје немаат никаква разлика и никогаш нема да ги оставиме нашите браќа сами, секогаш ќе сме со нив, и секогаш ќе им помагаме и стоиме позади нив, порачал тој.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа