ВИДЕО: Волк нападна девојче во зоолошка градина

Во српските медиуми се појави снимката од инцидентот во Белградската зоолошка градина од пред две недели кога еден волк нападна малечко девојче. На снимката се гледа шеталиштето од Зоолошката градина и како волонтерка го шета врзаниот волк. Во еден момент волкот нанадејно го напаѓа девојчето од зад грб. Инцидентот се случи пред две недели, при што девојчето се здобило со повреда на грбот и била хоспитализирана, а директорот на Зоолошката градина Вук Бојовиќ е сослушан за кривично дело, загрозување на безбедноста. Тој изјави дека волонтерката и претходно си играла со волкот и му фрлала топче. -Одеднаш му дотрчало девојчето. Волкот секако реагирал, дали поради топчето или поради нешто друго незнам, и ја фатил за јакната, изјави тогаш Бојовиќ.

10.05.2014 - 21:30
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега