Хуман Хрват нуди бесплатен одмор за семејство со болно дете

Синиша Мештриќ од Хрватска на својот „Фејсбук“ профил нуди седумдневен бесплатен одмор во Дубровник за едно семејство.

Оваа понуда исклучиво ќе можат да ја искористат семејства со многу тешка имотна состојба, а предност имаат деца со бронхијални проблеми на кои промената на воздухот би им користела за здравствената состојба.

Пријавите и предлозите можат да се испратат во инбокс на Фејсбук или на и-мејл[email protected].

10.05.2014 - 14:20
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега