Лажна дојава за бомба во Музејот на Акропол во Атина

Грчките власти денеска го евакуираа Музејот на Акропол во Атина откако добија дојава за подметната бомба, но се утврди дека дојавата била лажна, соопшти полицијата.

Во соопштението од полицијата се наведува дека непознат маж се јавил во редакцијата на еден грчки дневен весник и пријавил дека во музејот има бомба која ќе експлодира за 40 минути.

По дојавата во музејот пристигнале експерти за деактивизација на експлозивни направи. По истекот на рокот утврдено е дека дојавата била лажна.

09.05.2014 - 17:58
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега