Расте трговската размена - Македонија го билда извозот

 

Расте трговската размена, Македонија го билда извозот. Во првиот квартал од годинава извозот се зголемил за 17 проценти. Како што анализира Лидер, македонскиот извоз бележи поголем раст од вредноста на увозот. Ако се споредат податоците на Државниот завод за статистика, може да се види дека од година во година, се зголемува покриеноста на увозот со извоз, односно размената станува поизбалансирана, додека во текот на минатата година трговскиот дефицит изнесуваше 2,3 милијарди долари, а покриеноста на увозот со извоз беше на нивото од 64,7 проценти. 

Во првите три месеци од годинава, најголем раст кај извозот, од цели 99,7%, е регистриран во секторот машини и транспортни уреди, што се должи на работата на белгиската компанија Ван Хул, која од Бунарџик 2 почна да извезува автобуси наменети за американскиот пазар. Во извозот, повторно најголемо учество имаат катализаторите на носачи со благородни метали и нивни соединенија, што е резултат на работата на уште една компанија од слободните зони, овој пат на Џонсон Мети од Бунарџик 1. Во делот на увозот, најзастапени се платината и нејзините легури, струјата, други метали, кои домашните компании ги користат во производството.

- “Во првите четири месеци од годинава, вкупниот извоз од зоните достигна бројка од околу 350 милиони евра, историски највисок за овој период. Ова најмногу се должи на втората фаза на Џонсон Мети која сега е функционална, на Џонсон Контролс во Штип, Ван Хул, но истовремено и на Кемет Електроникс кој работи со полна пареа„ – објаснува првиот човек на слободните економски зони, Виктор Мизо, пренесе Лидер.

 

09.05.2014 - 10:20
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега