Грција стравува од ширење на детската парализа

Грчките здравствени власти се стравуваат од можноста за ширење на болеста детска парализа од страна на сириските бегалци згрижени во Грција.

Тие предупредуваат дека зголемениот број бегалци од Сирија, претставува опасност за ширење на вирусни и заразни болести, меѓу кои и детската парализа, имајќи предвид дека здравствениот систем во оваа земја, која веќе три години е зафатена од граѓанска војна, целосно колабира, па не се спроведуваат предвидените програми за имунизации.

Детската парализа или полиомиелитисот (полиото) е акутно инфективно заболување што го предизвикува полио вирусот. Болеста е заразна и се пренесува по орално-фекален пат.

09.05.2014 - 09:26
 
 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега