Влада: Нема потреба за отпор и страв за екстерното тестирање
Екстерното тестирање кое почнува во понеделник треба да донесе придобивки за учениците, наставниот кадар, училиштето и целиот образовен систем.
Концептот не е против никого, посочуваат од Владата и порачуваат дека тој е во интерес на сите и сакаат заеднички и партнерски да го спроведат со учениците, наставниците и родителите.
Од СОНК посочуваат дека за спроведуањето на екстерното тестирање се водени интензивни разговори со Министерстерството за образование и наука во последните три дена. На разговорите станало збор и за тоа дали тестирањето е единствен начин да се провери знаењето на учениците, а преку тоа и квалитетот на работата на наставниците и на крајот како финален производ објективноста на настаниците.
Претседателот на СОНК Јаким Неделков истакна дека можеби ваквиот начин на тестирање не е идеален, но оти заедничка констатација со МОН е дека ова е првпат на ваков начин на екстерно оценување и оти можни се грешки и можни се ситуации кои не се укажани и предвидени.
- Протестот е можност, мерка, начин дозволено со Устав и закон, средство за остварување на своите права меѓутоа тогаш кога веќе не можеме и немаме други синдикални средства за остварување на своите цели, изјави Неделков и додаде дека веќе се преземени конкретни мерки за подобрување на моделт на екстерното оценување.
Од Бирото за развој на образовнието вчера апелираа дека нема потреба од никаков отпор и страв бидејќи тестовите содржат материјал кој е учен во текот на годината.
ФОТО: Нова Македонија