Честитка од ВМРО-ДПМНЕ по повод 24 мај: Ликот и делото на Кирил и Методиј се неизбришливо врзани за Македонија
ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани во Република Македонија им го честита државниот празник 24 мај, Денот на сесловенските просветители, светите браќа Кирил и Методиј.
Денес е денот кога сите ние со огромна чест и почит го чествуваме делото на словенските просветители и рамно-апостоли браќата Кирил и Методиј. Нивниот лик и дело се неизбришливо врзани не само со културата и историјата на Македонија, туку тие со својата просветителска дејност го задолжиле целиот словенски род и цела Европа.
Ние сме горди што сме дел од тој цивилизациски придонес за европската и светска ризница, но истовремено сме свесни дека тоа е обврска нашата култура, традиција, јазик и идентитет да ги сочуваме од секакви премрежија кои ги носи животот, бидејќи тоа го направиле нашите предци, тоа ќе го направиме и ние.
Нека е вечна славата на сесловенските просветители Кирил и Методиј и нивното дело!
Нека е честит и вековит празникот!