Детали за акцијата во кој беше приведен докторот Дејан Ставриќ
Вчера, (06.05.), по претходна пријава од страна на граѓанин, Одделот за организиран криминал реализираше случај за кривично дело „Примање награда за противзаконито влијание“ по член 359 од КЗ, сторено од страна на Д.С.(46), во својство на доктор офталмолог, сопственик на Приватна здравствена установа-специјалистичка ординација по офталмологија Центар за очни болести ОКО Скопје и вработен Приватна здравствена установа - Поликлиника за специјалистичко-консултативна здравствена дејност “Корнеа Медика“.
Имено при медицински преглед на Клиниката за очни болести - Скопје, кој бил извршен од страна Д.С. каде претходно бил вработен како доктор, дијагностицирал болест на очите кај еден од пациентите, за што му рекол дека со таква дијагноза повеќе не ќе можел да работи и дека за износ од 2000 евра, може да му посредува за добивање на инвладиска пензија.
Откако парите за противзаконско посредување му биле побарани на пациентот, кривично правниот настан во месец aприл е пријавен во МВР, за што е сочинет Записник за примање на пријава, а веднаш е известен и надлежен ЈО и превземани се потребните мерки и активности за обезбедување на докази и документирање на кривичното дело.
На 05.05. остварен е телефонски контакт помеѓу оштетениот граѓанин и осомничениот, при што било договерено истите да се сретнат наредниот ден во угостителски објект во Скопје кај меѓународната автобуска станица каде парите требало да бидат предадени, за извршување на службените дејствија и посредување во правото за остварување на инвалидска пензија.
Откако средбата е остварена на 06.05.2014 година, осомничениот ги примил претходно криминалистичко-технички обработените пари во износ од 2000 евра и по претходно превземени оперативно тактички мерки од страна на полициските службеници, истиот е лишен од слобода и приведен е во полициска станица. При личниот претрес кој бил извршен парите се пронајдени, а исто така пронајдена е и друга медицинска документација, за која треба дополнително да се утврди дали е поврзана со други постапки за стекнување на право за користење на пензии. Од страна на Одделот за организиран криминал - Сектор за корупција, до ОЈО Скопје ќе биде поднесена кривична пријава.
(Интегрален текст од писмено соопштение на МВР)
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа