СДСМ не се појави во ДИК
Опозционерите предводени од СДСМ денеска не се појавија во Државната изборна комисија за да си ги подигнат уверенијата за освоените мандати. Иако според најавата, тие требаше во ДИК да бидат во 11 часот, како што јавува репортерот на Press24 од терен, никој од опозицијата тамусе уште не се појавил.
Во ДИК не присуствуваат ниту членовите на Комисијата од СДСМ, Никола Рилковски и Виолета Дума.
ВМРО-ДПМН Е и коалицијата За подобра Македонија своите мандати треба да ги подигнат во 12:30 часот.
07.05.2014 - 11:57
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа