Паника во СДСМ - кои се пратениците кои преминуваат во ГРОМ?
Вистинска паника во опозициските редови направи информацијата дека тројца опозициски пратеници договараат трансфер во ГРОМ и делување во Собранието преку партијата на Стевчо Јакимовски. Извори на Press24 од СДСМ велат дека вечерва раководството свртело многу телефонски броеви за да ја провери информацијата, а телефонски повик добиле речи си сите луѓе од листите на Заев и Шеќеринска. На Бихаќка интензивно се трага по кандидатите кои можат да ја растурат стратегијата на Заев.
Партиската централа итно ги брифирала сите медиуми кои ги држи под контрола и од нив побарала да се објави информација дека сите 120 кандидати за пратеници ги потпишале оставките и ги завериле кај нотар, најверојатно свесни дека и покрај ваквата постапка, сепак постои начин, кандидатите лично да се појават во Собранието и да го прифатат мандатот.
Од ГРОМ се уште нема никаков коментар за оваа информција. Од партијата на Јакимовски ниту потврда ниту демант дека нивната партија може да се засили со најмалку тројца нови пратеници кои ќе дојдат од опозициските редови.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа