Заев зависи од Црвенковски
Зоран Заев може да остане на лидерската позиција во СДСМ само со помошта на Црвенковски. Високи партиски извори од Бихаќка брифираат дека фотелјата на првиот човек на СДСМ уште еднаш зависи од милоста и волјата на поранешниот претседател како што тоа беше и пред 10 месеци на конгресот за избор на нов лидер.
На 11ти мај на постизборниот партиски Конгрес ќе стане јасно- дали СДСМ конечно ќе преземе чекори за реформирање и смена на раководството или Црвенковски преку своите луѓе повторно ќе го заштити Заев.
Според информации кои ги објави Сител, се поизвесно е дека токму на овој Конгрес ќе биде потврдено дека Црвенковски и Заев се на истата страна и ја држат партијата заштитена од евентуално пројавување на нови амбициозни и способни кадри кои би можеле да се спротивстават на ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски.
И додека целиот врв на Бихаќка и сегашен и поранешен е обединет, кај членството врие од незадоволството од изборниот резултат но и одлуката за неприфаќање на пратеничките мандати. Експертите оценуваат дека бојкотот е последниот удар на Заев и Шекеринска кон активното членство на партијата кое наспроти богатењето и луксузниот живот на раководството повторно ќе остане без егзистенцијата која може да им ја овозможи пратеничката плата
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа