НДП на Руфи Османи го враќа мандатот за пратеник

 

Привременото раководство на Националната демократска преродба (НДП), донело одлука да го врати пратеничкиот мандат кој го освои на парламентарните избори во шестата изборна единица.

- Сите номинирани кандидати од ИЕ 6, ќе треба да потпишат изјава за враќање на мандатот, бидејќи тој е добиен на име на НДП и одлуката за мандатот му припаѓа на Централното собрание на НДП. Привремениот совет кој раководи со НДП, и избраниот кандидат за пратеник Руфи Османи, во рок од три дена, одлуката за оставка со сите кандидати да ја поднесе до седиштето на ДИК, стои во соопштението.

Деновиве, лидерот на НДП Руфи Османи со потпретседателот и секретарот на партијата поднесоа оставки на нивните функции.

05.05.2014 - 09:55
Фото: 
Новатв.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега