Тирана: Немаме право да го пикаме носот - Груевски може да коалицира со кого сака
ВМРО-ДПМНЕ може да прави коалиија со која сака албанска партија и ние немаме намера да се мешаме во тоа. Албанскиот ExPress.mk повикувајќи се на извори од владејачката партија во Албанија пренесува дека официјална Тирана нема намера да се меша во македонските внатрешни работи.
Победничка партија во Македонија е ВМРО-ДПМНЕ која има и апсолутно мнозинство за состав на новата владина гарнитура. Ние немаме никакво право да го пикаме "носот" во тоа кој со кого коалицира. Ние кога ја направивме коалицијата по изборите ниту една партија од Македонија, но ниту Никола Груевски не ни предложи коалициски партнер. И ние немаме никакво право да предложиме на некој со кого да коалицира, вели изворот од албанската владејачка партија за порталот ExPress.mk
Од друга страна аналитичарот од Тирана Бесник Рама вели:
-Да беше заинтересирана официјална Тирана за изборите во Македонија ќе реагираше на друг начин. Прво ќе го ставеше Државниот телевизиски канал на услуга на албанските кандидати за пратеници во дијаспората. Второ, ннемаше да дозволи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ да освои 400 од вкупно 405 гласови. Ова се случи среде Тирана, вели Рама
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа