Познат идентитетот на стружанецот кој загина на патот Прилеп-Битола

 

Шеесет и едногодишниот Радован М. од Струга загина во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на магистралниот пат Прилеп – Битола.

Според податоците од полицијата, несреќата се случила во 23 часот и 50 минути помеѓу товарното возило „Мерцедес 813“ со скопски регистарски ознаки управувано од 41-годишниот Н.Н. и возило марка „Даеву Нексија“ со струшки регистарски ознаки, сопственост на лице од Радолишта, а кое го управувал Радован, кој починал на лице место.

01.05.2014 - 14:16

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега