За два дена почуваат уписите за првачињата
Уште два дена и стартуваат уписите за сите првачиња во основните училишта во источна Македонија. Согласно податоците добиени од МВР, годинава во општина Пехчево за разлика од минатата година кога имало 35 првачиња, ќе има двојно повеќе дечиња во училишните клупи.
Зголемен е бројот на првачиња и во Македонска Каменица, каде во 2013 имало само 55, додека сега треба да ги има 89. По запишувањето се очекува 10 до 12 дечиња да не ја почнат школската година во оваа општина, туку во некоја од странските земји, каде што во меѓувреме се преселни со нивните родители.
Пад на првачиња се очекува да биде намален во Штип каде минатата година според официјалните бројки биле запишани 498. Исто така евидентирано е намалување на првачиња и во Пробиштип, каде што годинава ќе се запишат 118, а минатата година имале вкупно 126 ученици во прво одделение. Во Виница минатата година имале 151, а годинава според податоците имаат 251, но по ажурирањето на списокот се очекува 50 дечиња да не се запишат во виничките училишта бидејќи се иселени во странство.
Службите од Општина Делчево велат дека се уште ги немаат податоците колку првачиња ќе имаат во учебната 2014-2015 година. Како и да е вкупниот број на ученици кои ќе ја почнат учебната година во училиштата во источниот регион ќе се знае официјално во септември, кога ќе се утврди колку деца живеат во матичните градови, а колку од нив се имаат иселено заедно со родителите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа