Нова црква ќе никне во Куманово

 

Верниците од Куманово ќе добијат уште една црква. На Светол Петок односно на 25. април, годинава, митрополитот Кумановско-осоговски г. д-р Јосиф, изврши осветување на камен темелник за изградба на нов храм на градските гробишта во Куманово, посветен на Воскресението Христово.

- Црквата постои за да одговори на духовните потреби на верниот народ, така што по иницијатива на граѓаните, да имаат објект каде ќе можат да се помолат за своите упокоени, одлучивме да градиме црква на претходни темели на црквна трпезарија, вели свешетникот Здравсковски.

Од Кумановско-осоговската епархија, информираат дека наскоро ќе се заврши изградбата на храмот, исто како и пртеходните проекти кои ги спроведува новоформираната епархија при обнова на црквите во овој регион.

Изградбата на новиот храм се реализира со донации и средства на Кумановско-осоговската епархија.Верниците можат да донираат за изградбата на храмот,во секоја Црква од епархијата.

29.04.2014 - 14:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега