Позната манекенка се обидела да се самоубие пред ќеркичката
Познатиот британски модел Алиша Дувал, која беше зависник од пластичната хирургија, ја отвори својата душа и раскажа дека се обидела да се самоубие и тоа пред својата ќерка.
Алиша до сега имала 350 естетски операции, а во моментот кога нејзиниот партнер ја напуштил, западнала во големи долгови. Поранешната девојка на Симон Ковел и Мики Рурк сфатила дека должи 40.000 долари, па сакала да се самоубие за да го спаси своите дечиња. На својата осумнаесет годишна ќерка и пишува писмо во кое се простува од неа, додека на две годишната Папаји и остава доволно храна и вода , додека не ја пронајдат.
-Верував дека моите деца ќе имаат подобра иднина. Јас навистина не гледав излез од ситуацијата во која бев. Отидов до супермаркет , ја купив најевтината вотка и испив полна кутија со апчиња. Ги пиев, а мојата ќерка го гледаше тоа “, рече Алиша .
Сепак, манекенката не починала, па сфатила дека мора нешто да промени во животот. Не помина долго време, и сосема случајно запознава еден милионер кој и помога да излезе од финансиската криза.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа