Ова е најсмртносното животно - убива над 700.000 луѓе годишно
Иако многумина кога ќе се спомне на најсмртоносното животно кое одзема голем број човечки животи, ги асоцира на големо крвожедно животно, верувале или не, се работи за комарците! Според визуелизацијата направена од Бил Гејтс комарците убиваат 163.780 луѓе повеќе од сите останати опасни животни заедно, и се втора најголема причина поради која умираат огромен број луѓе.
Комарците се виновни за 725.000 човечки животи годишно. Како што пренесува Gizmodo, сите останати смртоносни животни изгледаат безопасно во споредба со досадните комарци.
29.04.2014 - 10:58
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа