Богов: Мирен амбиент по изборите најдобар за спроведување на економските политики и раст
Мирен амбиент по изборите е најдобар за спроведување на економските политики и раст, смета гувернерот на Народната банка на Република Македонија Димитар Богов, кој уверува дека Народната банка ќе ја задржи ценовната стабилност.
- Не би ги коментирал политичките случувања по изворите, сепак, НБРМ е тука да си ја изврши својата цел, а тоа е ценовната стабилност да биде задржана како и стабилноста на банкарскиот систем. Во секој случај мирен амбиент би бил најдобар за спроведување на економските политики. НБРМ е тука во секакви услови да ја одржи стабилноста на нашата економија. И тоа ќе го правиме, изјави Богов одговарајќи на новинарски прашања на Третата меѓународна истражувачка конференција на тема „на патот кон заздравување и одржлив раст во променето глобално окружување“.
Учесниците потенцираа дека структурните реформи се клучни фактори и добрата координација меѓу монетарната и фискалната политика заради одржување на стабилноста во економиите при што нема да има тензии од страна на нарушување на ценовната стабилност, а ќе биде задржана и финансиската стабилност бидејќи, како што рече, тие се основите кои придонесуваат за еден одржлив подолгорочен раст.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа