Шишковски: Натпреварот со Шалке е подарок за македонскиот фудбал

 

Натпреварот со Шалке 04 е еден вид подарок за македонскиот фудбал, за сите  навивачи и фудбалски вљубеници, во моментите кога „црвено-црните“ се борат за одбрана на шампионската круна, изјави директорот на  Вардар Зоран Шишковски.

-Ние веќе сме во контакт со уште неколку европски фудбалски имиња за одигрување на вакви пријателски натпревари кои треба да претставуваат наша идна практика,  вели  Шишковски.

-Овој натпревар е секако момент за фудбалско уживање. Чест е за нас што ќе ги одмериме силите со едно такво европско име, но не треба да заборавиме дека ние сега главно размислуваме на последните две првенствени кола во кои треба да се стигне до одбрана на шампионската титула. Затоа, утре секако ќе настапиме со сите наши расположиви сили но ќе калкулираме околу минутажата на нашите најдобри фудбалери, истакна Милевски.

Капитенот Остоја Стјепановиќ истакна дека овој дуел со Шалке 04 ќе биде еден вид добра подготовка за новите европски предизвици.

-Од овој натпревар потребно е да извлечеме одредено искуство во пресрет на европските настапи ова лето. Добра можност да се почуствува надмудрувањето на теренот со големи фудбалски индивидуалци и секако убава шанса за уживање на домашната наша публика. Во секој случај, нам како фудбалери многу поважно ни е она што следи по Шалке 04 чие гостување верувам добро ќе ни дојде како најава за одбраната на шампионската титула, рече Стјепановиќ.

најчитано сега