Есма: Јас ги сакам хомосексуалците и тие ме сакаат мене!
Кралицата на Ромската музика Есма Реџепова изјави дека никогаш немала ниту ќе има нешто против хомосексуалците, пренесе Плусинфо.
- Тоа што го пишуваше во српски Курир е измислица, никогаш не сум кажала такво нешто, вели Есма.
- Јас ги сакам сите гејови, а и тие ме сакаат мене, додава таа.
Оваа реакција доаѓа откако утринава на фасадата од нејзината куќа беа поставени транспаренти Есма, ние постоиме и ќе постоиме.
ФОТО: Хитпортал