Две години затвор за поранешниот сопственик на „Џумајлија“
Светиниколскиот бизнисмен Зоран Даневски, кој е во бегство, си заработи две години казна затвор. Судскиот кривичен совет, чиј претседател е судијата Ѓорги Андонов во Основниот суд во Штип донесе одлука со која Зоран Даневски е прогласен за виновен за донесени одлуки без согласност и одборение на Собранието на доверители во Агро комбинатот „Џумајлија“.
Даневски е огласен за виновен и му е изречена казна затвор од две години ја има донесено бидејќи, одлуките за позајмици на парични средства на неколку фирми меѓу кои и неговата ги има донесено без одлука на Собранието на доверители, а исто така донесувал одлуки без нивно знаење и одобрение за земање кредити.
Судските процеси против Даневски во двата суда се одвиваа без негово присуство, бидејќи и официјално е недостапен на надлежните институции.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа