Ќе седнувате во автомобил? - еве каква е состојбата на патиштата
Сообраќајот на сите државни патишта во Македонија се одвива без забрани и застои, по наместа влажни коловози.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово - Велес, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Кочани - Делчево и Берово - Виница, каде е можна почеста појава на одрони.
За изработка на проектна документација за изградба на нова наплатна станица „Градско” на патниот правец А1, делница Велес - Градско, од денес 23.04.2014 се изведуваат геотехнички истражни работи, за што се воведува изменет режим на сообраќај. Се поставува соодветна вертикална сигнализација за времен режим на сообраќај за работа на пат и ги молиме возачите да ја почитуваат истата. Времетраењето на времената измена ќе биде седум дена, односно од 23.04.2014 до 30.04.2014 год. Теренските истраги ќе се изведуваат во временски период од 07:00 до 18:00 часот.
Поради вршење на градежни работи за реконструкција и санација на мост на река Брегалница кај селото Долни Балван, Општина Карбинци, се забранува сообраќајот во двата правци по локалниот пат село Долни Балван - село Таринци во период од 14.01.2014 година до завршување на реконструкцијата на мостот на река Брегалница.
Информација за движење низ националниот парк Јасен: Од 1 сприл воведени се нови термини за насоката на движење на патниот правец кој го поврзува Скопје со Македонски брод низ НП Јасен. Во правец од Скопје кон Македонски брод сообраќајот се одвива од 6:30 до 9:00 и од 16:00 до 18:00, а во правец од Македонски Брод кон Скопје сообраќајот се одвива од 5:00 до 6:00 и од 18:30 до 20:00.
Патниот правец Охрид - Ресен преку Галичица (врска со Р1307 (Царина)-врска со А3 и Р1301 (Трпејца), од месноста Корита до зимскиот центар Отешево е отворен за сообраќај. Потсетуваме дека на овој патен правец, од клучката Трпејца до зимскиот центар Отешево во двата правца, дозволен е сообраќај само за патнички возила и минибуси со вкупна маса до 3,5 тони.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини нема подолготрајни задржувања за влез и за излез од државата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа