Вонредна временска прогноза: Се подготвува невреме - можност за поплави

 

Од утре времето ќе биде променливо облачно со чести врнежи од дожд кои на места ќе бидат поројни, проследени со грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за невреме со интензивен пороен дожд и со појава на град, најави Управата за хидрометеоролошки работи.

Врнежите од дожд се резултат на влијанието на влажни и релативно топли воздушни маси од Медитеранот.

Минималната утринска температура во наредните денови ќе се спушти до 3 степени, а максималната дневна ќе достигне до 23 степени.

Од УХМР соопштуваат дека водостоите се во стагнација и опаѓање, но, оти со оглед на снежната покривка на одредени планини, секој поинтензивен дожд кој се очекува во наредните денови проследен со повисоки температури на воздухот, може да доведе до забрзано топење на снегот, полнење на речните корита и со тоа можност за локално излевање. 

22.04.2014 - 13:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега