ФФМ денеска ќе одлучува за мечот Тетекс Шкендија

 

Фудбалската федерација на Македонија денеска ќе одлучува кога ќе се одржи натпреварот меѓу Тетекс и Шкендија, кој синоќа беше прекинат поради недолично однесување.

Во соопштението од ФФМ се посочува дека фудбалерите го напуштија теренот по координација и со согласност на делегатот на натпреварот, претставниците од Федерацијата, капитените и тренерите на двете екипи. - Причина за да се донесе оваа одлука беа викотниците со националистичка содржина од обете навивачки екипи, чин недостоен за спoртот. Навивачите не го испочитуваа апелот на ФФМ и клубовите за фер и спортско бодрење. И покрај апелот и предупредувањата за прекин на натпреварот, навивачките групи, спротивно на одредбите на ФФМ и УЕФА, продолжија со употреба на пиротехнички средства и говор на омраза што доведе и до конечна одлука за прекин на натпреварот, стои во соопштението.

 

Од ФФМ посочуваат дека и натаму ќе настојува на спортските терени да владее спортскиот дух и бодрење, а оние кои вистински не го сакаат спортот и фудбалот да останат надвор од спортските арени.

најчитано сега