Професор од Неготино допирал малолетна ученичка- приведен е во полиција

Ја допирал и галел по телото и градите. 54 годишниот професор Т. Б. кој предавал во средното училиште „Св.Кирил и Методиј„ во Неготино, на 17ти мај во четири наврати во библиотеката на училиштето, сексуално злоставувал 15 годишна ученичка.

Според информациите на Пресс24, професорот бил повикан во полициската станица Неготино денеска околу 14 часот и бил задржан. Се очекува во текот на утрешниот ден да биде изведен пред истражен судија.

Ќе одговара за делото „обљуба со злоупотреба на положбата“

најчитано сега