Скршени гранки и дрвја - снегот направи проблеми во Дебар

 

Снегот кој утрово падна во дебарскиот регион, засега не предизвикува некои поголеми проблеми во сообраќајот.

Екипи на секцијата на „Македонија пат“ постојано се на терен во расчистување на снегот од коловозите и помалите одрони од камен, на делницата Дебар-Жировница, патот кон Маврово и Дебар-Глобочица, како и на патот кон Струга. Поради одроните од камен се препорачува поголема внимателот од возачите кои сообраќаат на овие патни правци.

Поради влажноста на снегот и тежината има скршени гранки и дрјва, во чие расчистување е вклучена и Територијалната противпожарна единица.

 

16.04.2014 - 11:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега