Нов температурен шок - дожд и снег во Македонија

 

Времето во Македонија ќе биде облачно со обилни врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините од снег. На повеќе места количеството на наврнат воден талог ќе биде над 30 литри на метар квадратен, а на повисоките планини ќе се формира позначителна снежна покривка. Ќе дува слаб, повремено умерен северен ветер.

Температурата ќе се движи од еден до 11 степени.

Во Скопје ќе биде облачно со обилни врнежи од дожд. Ќе дува слаб, повремено умерен северен ветер. Температурата ќе достигне до шест степени.

До сабота ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.

16.04.2014 - 09:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега