Повисоки продажните цени на индустриските производи
Според податоците кои денеска ги објави Државниот завод за статистика, во февруари годинава продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки за 0,1 процент на месечно ниво, а на годишно се пониски за 3,2 проценти.
Во февруари во споредба со јануари годинава, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторите „рударство и вадење камен за 0,8 проценти, „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ за 0,5 проценти, а во секторот „преработувачка индустрија“ се на исто ниво, додека продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, во февруари годимнава, во однос на февруари лани, се пониски во секторите „рударство и вадење камен“ за 4,7 проценти, „преработувачка индустрија“ за 3,1 процент и во „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ за 2,8 проценти.
Продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари во февруари годинава се повисоки за 0,7 проценти на месечно ниво, а на годишно пониски за 3,9 проценти, говорат податоците на Статистика.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа