Ќе одмориме за Велигден - кои денови се неработни?
Велики Петок, петок пред Велигден е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед. Нема да се работи и првиот ден по Велигден, понеделник 21 април.
Ова се сите неработни денови до крајот на годината:
• 21 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар
• 01 мај (четврток), Ден на трудот
• 24 мај (сабота) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители
• 28 јули (понеделник), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам
• 02 август (сабота), Ден на Републиката
• 08 септември (понеделник), Ден на независноста
• 11 октомври (сабота), Ден на народното востание
• 23 октомври (четврток), Ден на Македонската Револуционерна Борба
• 08 декември (понеделник), “Св. Климент Охридски”
За граѓаните од православна вероисповед
• 18 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден
• 06 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден
• 28 август (четврток), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)
За граѓаните од католичка вероисповед
• 21 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден
• 01 ноември (сабота), Празникот на сите светци
• 25 декември (четврток), првиот ден на Божик
За граѓаните од муслиманска вероисповед
• 4 октомври (сабота), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам
За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ
• 22 ноември (сабота), Ден на Албанската азбука
За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ
• 23 мај (петок), Национален ден на Власите
За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ
• 4 октомври (сабота), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур
За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ
• 28 септември (недела), Меѓународен ден на Бошњаците
За граѓаните припадници на турската заедница во РМ
• 21 декември (недела), Ден на настава на турски јазик
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа