Во февруари „вриело" од туристи во Македонија

 

Според податоците кои ги објави Државниот завод за статистика, во февруари годинава бројот на туристите во Македонија изнесувал 27.278, а бројот на ноќевањата 60.619. Овие бројки во однос на истиот месец лани претставуваат зголемување за 6,6 проценти, односно 3,9 проценти.

Бројот на домашните туристи во февруари годинава, споредено со февруари минатата година, е зголемен за 10,3 проценти, а на странските туристи за 4,1 процент. Кај  ноќевањата на домашните туристи зголемувањето е за 3,6 проценти, а на странските туристи за 4,2 проценти.

Во првите два месеци  од годинава во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 1,3 проценти, кај домашните туристи за 0,6 проценти, а кај странските за 1,9 проценти. Кај ноќевањата во јануари и февруари има зголемување  за 0,3 проценти, кај домашните туристи намалување за 2,1 процент, а кај странските зголемување за 2,6 проценти, покажуваат податоците од статистика.

15.04.2014 - 09:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега