СДСМ се откажа од изборите

 

Ниту митинг, ниту рекламите на социјалните мрежи ниту пак некаква активност на активистите блиски до опозицијата. Молк на Бихаќка по катастрофалниот пораз во првиот круг на претседателските избори, каде Иванов праткично го прегази Пендаровски со повеќе од 120.000 гласови разлика. 

Лидерот на СДСМ денеска најави дека продолжуваат до како што рече „конечна победа“.

„Во вториот изборен круг треба да ги мотивираме сите тие граѓани да го изразат својот став, којшто евидентно, со останувањето дома и порачува на власта дека ја нема нивната поддршка. Наша должност е да го разобличиме системот на Никола Груевски и да дадеме одговор на сите сомневања, претпоставки и дилеми. Јас ви тврдам дека Социјалдемократскиот сојуз работи на тоа и тоа ќе го направи. Ако некој има и најмала дилема како понатаму, одовде кажувам. Откажување нема.  Вистинското лице на Никола Груевски и неговиот режим е разобличено.“ - рече Заев на денешната прес конференција. 

Спеак, СДСМ за денеска не закажа предизборен митинг, за разлика од ВМРО-ДПМНЕ кои вечерва веќе одржаа народен собир во Струга, а во моментов тече митингот во Охрид.  На социјалните мрежи веќе не кружат ниту рекламите и спонзорираните линкови кои СДСМ ги плаќаше пред првиот изборен круг. Интересно е што денеска не може да се забележат ниту реклами на телевизиите. Единствено, простор за огласување СДСМ има резервирано на порталите финансирани од СОРС. 
Во меѓувреме, новинари и аналитичари блиски на опозицијата ја развиваат тезата дека СДСМ треба да ги бојкотира изборите или доколку доживее пораз во вториот круг и на парламентарните избори, мандатите да му ги врати на Собранието.
Дали СДСМ се откажа од изборите и реши да не води кампања со истиот интензиет во првиот круг или пак денешниот ден е само одмор пред стартот на предизборните активности останува да видиме. Она што може да се забележи е дека на официјалните фан страни на функционерите на СДСМ на Facebook, како и на партиската фан страна нема активности. Единствено, Заев и Пендаровски ги „закачиле“ говорите од вечра како и денешната прес конференција на лидерот на СДСМ, додека Шеќеринска е во „молк“ уште од 11 април.

14.04.2014 - 20:44

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега