Од утре следува нов температурен шок

 

Времето во Македонија во текот на денешниот ден ќе биде сончево и потопло со умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се движи од два до седум, а дневната од 16 до 23 степени.

Во Скопје времето ќе биде сончево и потопло со умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 20 степени.

Од вторник попладне се очекува промена на временската состојба.

Ќе има нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи, силен ветер и нагло опаѓање на температурата.

Во средината на наредната недела ќе преовладува претежно облачно и студено време со повремени врнежи од дожд, а на некои повисоки места и на планините се очекува врнежите да бидат од снег. 

14.04.2014 - 09:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега