Заспале на работно место - МВР со дисциплински решенија против полициски службеници

 

Во текот на изминатата недела по спроведена дисциплинска постапка, донесени се 22 решенија против 22 вработени во Министерството поради сторени повреди во работењето, согласно одредбите од член 206 став 1 точки 2 и 3  и член 207 став 1 точка 8 од Колективниот договор на МВР.

Притоа, на 19 вработени им е изречена мерка “парична казна“ на двајца вработени мерка - “писмено предупредување“, на еден вработен изречена му е мерка - “запирање на постапката” , а се работи за:

И.И. началник на Одделение за координација на канцелариите за криминалистички работи, изречена му е мерка– “писмено предупредување“ (дал нејасни известувања во врска со настан за нарушен јавен ред и мир);

К.К. помошник на началник на Одделение за асистенции и спровод, изречена му е мерка– “писмено предупредување“ (дал нејасни известувања во врска со настан за нарушен јавен ред и мир);

Г.Ј. полицаец за БПС Демир Капија,  изречена му е мерка–“парична казна“  (спиел на работното место);

Т.Ѓ. полициски советник за сообраќајни работи во Сектор за собраќајни работи, изречена му е мерка–“парична казна“  (од извшрениот надзор не констатирал дека лицето не ги исполнува условите за работа бидејќи го немал потребното образование);

В.Н. полициски советник за сообраќајно инжињерски работи во Сектор за собраќајни работи, изречена му е мерка–“парична казна“  (од извшрениот надзор не констатирал дека лицето не ги исполнува условите за работа бидејќи го немал потребното образование);

А.И. полициски советник за сообраќајни работи во Сектор за собраќајни работи, изречена му е мерка–“парична казна“  (нНе изготвил службени белешки во дадениот рок);

К.Ј. полициски советник за сообраќајни работи во Сектор за собраќајни работи, изречена му е мерка–“парична казна“  (од извшрениот надзор не констатирал дека лицето не ги исполнува условите за работа бидејќи го немал потребното образование);

Д.А. помошник дежурен во ДОЦ РЦ за ГР Исток, изречена му е мерка–“парична казна“  (не исклучил возило од сообраќај за детална проверка);

З.Б. полицаец во ПС од ОН Делчево, изречена му е мерка–“парична казна“ (не исклучил возило од сообраќај за детална проверка);

Д.М. полицаец во ПС од ОН Делчево, изречена му е мерка–“парична казна“ (не исклучил возило од сообраќај за детална проверка);

А.А. полицаец во ПС од ОН Прилеп, изречена му е мерка–“парична казна“ (службените списи не ги реализирал во предвиден рок);

З.Ч. полицаец во ПО Ропотово, изречена му е мерка–“парична казна“ (службените списи не ги реализирал во предвиден рок);

З.Ј. водич за превенција на безбедносен реон во ПС од ОН Гази Баба, изречена му е мерка–“парична казна“ (Не сместил лице во просторија за задржување);

И.С. полицаец во ПС од ОН Делчево, изречена му е мерка–“парична казна“ (не превзел мерки за утврдување на постоење кривично дело);

Ј.А. полицаец за БПС ПС за БПС Велес, изречена му е мерка–“парична казна“  (слаба активност во работењето);

Ф.А. дежурен полицаец ПО Ростуше, изречена му е мерка–“парична казна“  (спиел на работното место);
О.Б. полицаец за превенција ПО Ростуше, изречена му е мерка–“парична казна“  (Спиел на работното место);

С.М. полицаец за БПС во ПС за БПС Струмица, изречена му е мерка–“парична казна“  (не превзел службени дејства ниту пак ги известил непосредните старешини за случена сообраќајна незгода во која е повреден пешак);

Б.С. водич на безбедносен реон во ПК Ново Село, изречена му е мерка–“парична казна“ (постапува спротивно на правилата и прописите на Министерството);

Ф.П. виш инспектор за криминалистичко технички прелиминарни анализи, изречена му е мерка–“парична казна“  (бил должен да изготви записници, но истите не ги изготвил);

Р.Е. полицаец во Полициска станица од општа надлежност Прилеп, изречена му е мерка–“парична казна“ (спиел на работното место);

Ц.М. самостоен инспектор за криминалистичко технички увиди на место на настан, изречена му е мерка–“запирање на постапката“ (не е одговорен во врска со наводите во Предлогот).

13.04.2014 - 14:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега