Стекнете го првото работно искуство во ЕВН Македонија
ЕВН Македонија и ова година е дел од деновте на образованието и кариера. На штандот на ЕВН Македонија на Скопски Саем, заинтересираните студенти имаат можност да се информираат за програмите за вработување на младите кадри кои ги спроведува компанијата. До 12.04.2014 на саемскиот простор во Хала 2, ќе бидат промовирани практикансата работа, програмата за стипендирање и Trannies програмата за 2014 преку кои младите можат да се стекнат со работно и професионално искуство потребно за нивниот кариерен развој.
Заинтересираните студенти за овие програми можат да достават своја куса биографија и мотивационо писмо на штандот на ЕВН Македонија или на адреса: praktikum@evn.mk .
ЕВН Македонија го поддржува образовниот процес во земјава и развојот на млади стручни кадри, затоа на студентите им нуди можност да стекнат практично знаење и искуство.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа