Температурен шок во Македонија - еве какво време не очекува викендов

 

Релативно ниски температури во Македонија утрово. Во некои делови од земјата утрово се измерени температури во минус, а во моментов, најстудено е во тетовскиот регион, додека најтопло во јужниот дел на Македонија

Во Македонија ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд и ветровито. На планините над 1200 метри со врнежи од снег. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер. Утринските температури од -2°C до 5°C, а дневните температури ќе достигнат до 4°C односно до 13°C, пишува специјализираниот портал за временска прогноза Weather4all.

Во Скопје во петок ќе биде умерено облачно и нестабилно со врнежи од дожд. Ќе дува умерен северозападен ветер. Утринската температура од 3°C, а дневната температура ќе достигне до 10°C.

Во сабота во Македонија ќе биде претежно сончево со локална облачност и потопло. Ќе дува слаб ветер од променлив правец, а во западните предели ќе дува умерен северозападен и западен ветер. Утринските температури ќе се движат од -3°C до 4°C, а максималните дневни температури од 11°C до 20°C.

Во недела ќе биде претежно сончево и топло. Слаб северозападен ветер, а во западните предели ќе дува и западен ветер. Утринските температури од -1°C до 6°C, а дневните температури ќе се движат од 13°C до 22°C.

Претежно сончево и топло ќе биде и во понеделник. Ќе дува умерен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува умерен североисточен ветер. Утринските температури ќе се движат од 1°C до 8°C, а максималните дневни температури ќе се движат од 15°C до 24°C.

11.04.2014 - 10:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега