Во Индустриската зона Прилеп 1 се гради новиот погон на „Донија“

 

Започна изградбата на новиот погон на прилепската индустрија „Дониа“. Според директорот на оваа фирма Дражен Котески, со новиот погон даваат придонес за развојот на локалната и националната економија.

- Капацитетот ќе биде на 2.000 метри квадратни. Ќе донесеме нови машини, а инвестицијата е околу 500.000 евра. Во фирмата ќе се отворат 50 нови работни места, рече Котески.

Своите производи „Дониа“ ги пласира на домашниот и напазарот во 20 земји.

- Го прошируваме работењето но и го издигнуваме квалитетот на произведената храна. Годинава ќе воведеме нови три меѓународни стандарди за здрава храна, вели Котески.

Според Илија Карески од одделението за урбанизам при локалната самоуправа, овој погон што ќе се гради е меѓу првите во Индустриската зона.

- На 120.000 метри квадратни се продадоа сите 21 парцела и ќе бидат застапени со капацитети сите видови индустрии во Прилеп. Идната недела ќе почнат да градат текстилната „Тритекс“, прехранбената „Годам“, фирми од урбанизмот, рече Карески.

Тој информира дека зимскиот и овој пролетен период е искористен за изградба на водоводната и канализационата мрежа, за патот до индустриската зона. Првиот капацитет на прехранбената фирма „Дониа“, смета Карески, треба да биде готов до крајот на летото.

10.04.2014 - 18:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега