Им влегле дома со пиштоли - хорор за гостиварско семејство

 

Маскирани и вооружени разбојници приредиле хорор за семејство од Гостивар. Според податоците од полицијата, на улицата Бањешница, двајца насилници со фантомки и пиштоли во рацете, извршиле разбојништво над 69-годишниот Џ.Р. неговата сопруга М.Р и нивната 23-годишна снаа С.У.

Имено, разбојниците физички го нападнале семејството во нивната куќа и им одзеле златен накит, пари, гасен пиштол  и два мобилни телефони во вредност од околу 30.000 евра, пошто избегале од местото на настанот.

10.04.2014 - 12:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега