Куманово: Татко си го пријавил синот во полиција

 

Кумановечанец го пријавил својот син во полиција откако му нашол марихуана.

Според податроците од полиција,  се работи за 24-годишниот М.Ј. од селото Љубодраг против кого вчера е поднесена кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Неговиот татко, кон крајот на јануари годинава, се јавил во полициската станица и побарал нивна екипа да дојде во семејната куќа, бидејќи нашол дрога, која припаѓала на неговиот син.

Кумановчанецот си заработи соодветна кривична пријава за делото.

 

10.04.2014 - 10:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега