ВМРО-ДПМНЕ: Од кого Стевчо Јакимовски добил понуда да влезе во влада?

 

ВМРО-ДПМНЕ со вчудоневиденост ја следи кампањата на Стевчо Јакимовски, кој не само што цело време ги осудува градбите на патишта и автопатишта во Македонија, туку говори и за некакви негови услови кои ако не се исполнеле немало да влезе во владата.

 

Сите тие услови се во ред и се легитимни, само не можеме да разбереме во чија влада добил покана да влезе? Дали е тоа во владата во сенка на СДСМ, која цела една година чекавме да се објави или можеби во владата која ја најавува господинот Љупчо Зиков или можеби Љубчо Георгиевски му ветил место во неговата замислена влада.

 

Со обзир дека ВМРО-ДПМНЕ не ја планира партијата ГРОМ да влезе во владата, пред се заради фактот што во време кога Стевчо Јакимовски беше министер за труд и социјала и министер за економија во владата на СДСМ, невработеноста порасна за 4 години за цели 7 процентни поени(од 31% на 38%), а синдикалните работници ги доживуваше како мечки.

 

Не можеме да разбереме кој му понудил влез во влада. Би било добро да им го објасни тоа на гласачите и членовите на ГРОМ за да знаат како нивниот лидер планира влез во влада по изборите.   

(Интегрален текст од писмено соопштение на ВМРО-ДПМНЕ)

10.04.2014 - 10:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега