Американците лансирале летало во вселената - 500 дена е таму никој не му ја знае функцијата

 

Во орбитата околу 500 дена се наоѓа тајно вселенско летало „Х-37В“ на американското Воено воздухопловство, што е досегашен вселенски рекорд. Бидејќи не постои одговор на прашањето, која е мисијата на леталото, започнаа шпекулации, а една теорија е дека леталото всушност е бомбардер, кој може да се активира од астрономска висина.

Пентагон меѓутоа не коментира за тоа која е мисијата на ова летало, зошто е во орбитира толку долго и кога планира да се врати. Од декември 2012 година леталото ја заобиколи Земјата илјадници пати, а најчести движења се забележани во пределот на Иран и Северна Кореја.

Леталото, по својот изглед потсетува на спејс шатл, но во намалена верзија, затоа што четири пати е помало. Она што се разликува е тоа што нема прозорци на кокпитот, поради недостатокот на екипаж.

Инаку „Х -37В“ беше проект на НАСА кој подразбираше изработка на беспилотни вселенски летала, меѓутоа проектот го презеде американското Воено воздухопловство, па Боингот набргу направи две вакви летала.

Боинг во текот на тестирањето предложи да се произведат унапредени верзии кои ќе можат да се лансираат со шест астронаути во орбитата.

 

Се претпоставува дека сепак леталото е тестирање на технологија, која би можела да се искористи во иднина, како сателит за шпионирање.

09.04.2014 - 17:10

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега