Зоран Јовановски му ја расипа математиката на Зоран Заев

 

Зоран Јовановски бил главната пречка во обидот да се постигне договор меѓу кандидатите за претседател на СДСМ и на Конгресот на 2 јуни да изелзат со една, заендичка кандидатура. Високи партиски функционери од Бихаќка брифираат дека Јовановски не се солгасува со понудата, да биде премиер во сенка иако претходно, Игор Ивановски дал зелено светло, Заев да биде претседател, а тој генерален секретар на партијата.
Јовановски инсистирал да кандидатите прво да излезат на конгресот па во зависност од поддршката која ќе ја добијат кај делегатите, потоа да прават математики за распределба на функциите.
Но Заев не се согласувал, инсистирајќи на договор пред стартот на Конгресот, за како што рекол, да нема поделби во партијата.
Игор Ивановски, најпрво се согласил со Заев и прифатил да биде генерален секретар, но откако увидел дека Јовановски нема да го смени ставот, се повлекол и побарал сите тројца да му бидат противкандидати на Кире Нуамов.
Конгресот на СДСМ е закажан за 2 јуни. 705 делегати ќе треба да избираат меѓу Зоран Јовановски, Зоран Заев, Кире Наумов и Игор Ивановски. Пред конгресот Иницијативниот одбор ќе ја достави и кандидатурата за претседател на Бранко Црвенковски

најчитано сега