Пендаровски: Не можам да ви го кажам мојот став за името (ВИДЕО)

 

Пендаровски не го откри неговиот личен став за името, туку само го повтори она што јавноста веќе го знае, дека се залагал за државен консензус и државен став.

На прашањето на новинарката дека за нејзе е нејасно како Пендаровски ќе постапи на состанок кога ќе се прави државна стратегија и кој е неговиот став за името, Пендаровски вели дека не може да го каже тоа.

-Јас морам да добијам легитимитет од македонските граѓани, јас во овој момент сум само кандидат, јас не можам да ви го кажам тоа, изјави Пендаровски, на што доби констатација дека сите граѓани ќе треба да знаат што бираат и кого бираат. Сепак, Пендаровски повторно избега од директен одговор и рече дека македонските граѓани доволно знале дека тој во овој момент се залагал за државен консензус и државен став.

Токму поради ваквите нејасни ставови за прашањето за името, претседателскиот кандидат на СДСМ за грчките медиуми претставува посакуван соговорник за јужниот сосед во разговорите за името. Флексибилноста која ја покажува Пендаровски, наспроти цврстите позиции на Иванов, се доволна причина кандидатот на СДСМ и Зоран Заев да им биде фаворит на Грците на претстојните избори.

08.04.2014 - 12:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега