Професорска чистка на УКИМ

 

82-ца професори од скопскиот универзитет заминаа во пензија. Видни имиња од научно истражувачкатата работа го завршија својот работен век. Но дали има кој да ги замени?

Пензионираните сметаат дека сегашниот кадар не е толку квалитетен, нема научници а државата не инвестира во науката. За нив проблем е и тоа што секој се запишува на факултет.

Ѓорѓи Мартиновски-поранешен рекотр на УКИМ-имаме толку големи пензионирања а замената не е ни на повидок

Ректорот Стојковски вели дека на УКИМ има 3300 професори а секоја година се отвараат и нови работни места.

-Секоја година имаме од 80-90 нови вработувања на факултетот со што се надевам дека бројот на испразнети места ќе се пополни. За тоа кој ќе биде наследник на катедрата и кој ќе предава одлучуваат самите професори пред да заминат во пензија, вели Велимир Стојковски, ректор на УКИМ.

Најдобрите студенти пак сакаат да останат во земјава. Бараат од државата да им обезбеди работни места барем за они кои имаат просек 10.

Универзитетот Свети Кирил и Методиј од денеска почна со славењето на патрониот празник на светите браќа кој одбележува 64 години од своето постоење и 1150 години од Моравската мисија.

најчитано сега