Хаос во СДСМ - Заев се фали дека ќе биде претседател партиски функционери го демантираат

 

Вистински хаос владее на Бихаќка. По вечерашниот извршен одбор на кој Заев, Јовановски и Ивановски не успејаа да се договрат за заедничка кандидатура, струмичкиот градоначлник на својата официјална фан страна се пофали дека ќе биде новиот претседател на партијата, а противкандидатите ќе му бидат потпретседатели. Ваквиот пост на Заев на неговата фан страна е објавен само неколку минути откако заврши Извршниот одбор. Партиски извори во СДСМ веднаш демантираа дека паднал таков договор и изразија чудење од ваквата постапка на Зоран Заев. Сепак, неговите поддржувачи му испраќаат честитки и велат дека тој е најдобриот избори. 
Според инфомрациите кои беа лиферувани веднаш по завршувањето на Извршниот а кои ги објавија сите медиуми, на Конгресот на 2 јуни ќе има 4 кандидати плус Бранко Црвенковски. 

најчитано сега