Утре сонце викендов дожд - еве какво ќе биде времето деновиве

 

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер, претежно од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од еден до осум, а дневната од 16 до 22 степена.

Во Скопје и околината ќе биде претежно сончево со мала до умерена облачност. Преку денот ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 22 степена.

За време на викендот ќе има врнежи од дожд, кои на места се очекува да бидат и пообемни. В сабота ќе има нестабилна облачност со локален пороен дожд, грмежи и со засилен ветер. В недела ќе има повремени врнежи од дожд и ќе биде постудено.

02.04.2014 - 16:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега