Клиниката за радиотерапија и онкологија доби нов апарат за детекција на карцином

 

Клиниката за радиотерапија и онкологија денеска доби нов апарат за кор биопсии и рана детекција на карцином.

Станува збор за донација на Агенцијата „Марили“ и жените менаџери од 41 компанија од Македонија.  Средствата за набавката се собрани со помош на хуманитарен проект „Жените за жените“ спроведен по повод одбележување на 18-годишнината од организирањето на манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери од РМ“.

Директорот на Клиниката, Милан Ристески, апаратот за кор биопсии ќе овозможи да не се боцкаат пациентите повеќе пати, туку првото земање материјал ќе биде доволно да се постави дијагноза и да не се губи време, што е најважно за тој вид на болести, пренесе Курир.

02.04.2014 - 15:11
Фото: 
Канал5

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега