Собранието со редизајнирана веб страница - погледнете како изгледа
Собранието на Република Македонија од денеска има нова редизајнирана веб-страница, која треба да овозможи прегледност на компјутер, таблет или мобилен телефон.
Собранието добива нов, модерен и современ идентитет преку интернетот како медиум, и тоа сега со прегледност преку сите уреди, на компјутер, таблет, или мобилен телефон, соопшти денеска Кабинетот на Претседателот на Собранието на Република Македонија.
- Страниците на порталот се поврзани и со профилите на Собранието на социјалните мрежи со што е овозможена и комплетна интерактивност со корисниците. Архитектурата на порталот е внимателно планирана за да се осигура дека потребите на сите целни групи се исполнети и корисниците секогаш може да ги добијат бараните информации. Целата работа на Собранието е презентирана транспарентно на сајтот во повеќе од 27.000 страници, во 4 јазични верзии, сега во нова навигациска структура која нуди современо и модерно корисничко искуство, се вели во денешното соопштение од Кабинетот на Претседателот на Собранието.
Новиот веб портал може да се посете на линкот www.sobranie.mk .
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа