Јанкулоска ќе зборува за визната либерализација во Албанија

 

 

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска учествува на Конференцијата  на министрите за внатрешни работи од земјите членки на ЕУ и земјите кандидати за членство во рамки на „Брдо процесот“, што се одржува од денеска во Блед. Министерката ќе се обрати на сесијата на министерската конференција посветена на визната либерализација, предвидена за утре.

Од МВР информираат дека во тек на конференцијата Јанкулоска ќе учествува и на деветтиот состанок на Комитетот за полициска соработка на земјите од ЈИЕ, што годинава се одржува под претседателство на Албанија.

За попладне е најавена билатерална средба на Јанкулоска со домаќинот на министерската конференција, нејзиниот словенечки колега, Грегор Вирант, а за вечер со министерот за внатрешни работи на  Косово Бајрам Реџепи. За утре претпладне е предвидена билатерална средба и со хрватскиот министер за внатрешни работи Ранко Остојиќ на која треба да биде парафиран Протоколот за полициска соработка за претстојната туристичка сезона.

најчитано сега